Тортевски: Не е точно дека Тот на КАРИЛ е примен без видливи повреди. Очевидците морале да се јават во МВР и да кажат дека е нападнат

„Една снимка –  1.000 зборови, целото општество е пресликано во неа (случајот со ракометарот Денис Тот). Состојбата за неказнување која постојано се потхранува доведува до вакви однесувања, причините се многу подлабоки -домашно возпитување, консумирање на дроги, идоли на младите им се набилдани силеџии.

Ова е комплекс на односи, состојби, лоша едукација, и неказнивост. Факт е дека во последните 15 години владејачката гарнитура дозволува вакви слични дела. Државните служби не ја вршат својата работа се додека јавноста не направи притисок. Има ниска свест кај граѓаните за солидарност, никој не се јавува во полиција, човекот е оставен да лежи, информацијата е дека брзата помош го пронашла сам на тротоарот. Никој не им кажал дека Тот добил силни удари во главата. На КАРИЛ, не е точно дека е примен без видливи повреди, човек во безсознание, прво се отвора вилицата, неговиот јазик бил скинат. Имало многу сериозно крварење, можеби парчето јазик кое е скинато, можеби го задушило. Идиот е тој кој го дал таквото избрзано соопштение, дека имал срцев удар. Очевидците морале да се јават во МВР, требало да се јават и да кажат дека е нападнат“ – вели адвокатот Александар Тортевски во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close