Тортевски: Зошто никој не реагира на заканите упатени кон градоначалникот на Охрид?

 

Aлександар Тортевски од „Твоја партија“ денеска на финишот од изборната кампања рече дека има медиумски и институционален молк на изјавата на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, за закани кон неговото семејство.

Тортевски вели дека ова е едно од прашањата кои сакал да му ги постави на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но не добил шанса, бидејќи медиумите ги игнорирале целосно малите партии во текот на кампањата.

Сакав да го прашам Заев како ќе ја објасни изјавата на градоначалникот на Охрид дека доколку руши дивоградби, ќе му го убијат семејството. Како сето тоа помина во медиумски молк, како тоа помина во институционален молк и како никој не се сети дека на тој човек треба да му се даде заштита. Зошто никој од одговорните институции не го повика да го праша кој тоа смее да му се заканува и зошто градоначалник на владејачка партија на една од најважните општини во Македонија се чувствува небезбеден во сопствената држава за да не смее да го спроведува законот? Сакав да ги прашам и Заев и Мицкоски како во Музејот има слики кои се преплатени, а на сметка на народот се направени сликите кои се во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ?“,вели Тортевски.

Тој додава дека, „Твоја партија“ не се формирала за да ги спротивстави своите ставови со новоформираните политички субјекти, туку се формирала за на старите партии да им каже зошто чувствувале потреба дека треба да се формираат. Тие жалат што не добиле простор во ТВ-дебатите за време на кампањата.

Back to top button
Close