Тоше воопшто не почувствувал болка, патологот потврди дека смртта била моментна без страдање

,,Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука,, – со тага се присетува д-р Тереза ГргиќД-р Гргиќ која била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше, со тага се сеќава на утрото – 16 октомври пред 5 години.

– Тето, се случи страшна несреќа, загина Тоше Проески. На радио велат дека е донесен во болницата во Нова Градишка, кај тебе. Тоа е она прекрасно македонско момче, кое пее фантастично – возбудено и соопштил внукот во телефонски разговор утрото на 16 октомври, пишува 4news.

Вака цитологот д-р Тереза Гргиќ ја почнува приказната за утрото на 16 октомври пред пет години, кога била дел од тимот што ги организирал приемот, прегледот и испраќањето на телото на Тоше.

Обдукцијата констатирала целебрална смрт по која срцето кратко продолжува да чука.

– Тоше воопшто не почувствувал болка. Патологот потврди дека смртта била моментна. Тој млад човек не страдал. При транспортот до болницата неговото срце кратко време работело, а потоа, за жал, престанало да чука – со тага се присетува таа.

Повеќе

Back to top button
Close