Тошковски: Груби е легално излезен од државата

Bо текот на денешниот прес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, oбјасни дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е легално излезен од државата

-Дал патна исправа, му ја вратиле патната исправа и продолжил кон Косово – изјави Тошковски.

Претходно министерот го повика Груби, како што најави на социјалните медиуми, да се врати во државата.

-Многу добро знае јавноста кои се тие две лица. Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка – изјави Тошковски.

 

Back to top button
Close