Тошковски: Истрагата за смртта на двегодишното дете сè уште трае, се испитуваат и наводите за полициска бруталност
Истрагата за трагичниот настан во кој двегодишно дете го загуби животот од заскитан куршум за време на новогодишната ноќ сè уште е во тек, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Министерот потврди дека досегашните вештачења утврдиле оти смртта на детето е последица на заскитан куршум, а не на директен напад. Тој нагласи дека полицијата ги презема сите чекори за пронаоѓање на сторителот, иако призна дека ваквите случаи се исклучително тешки за детектирање и откривање сторител.
„Она што досега е официјализирано е дека станува збор за куршум потврден од надлежните органи. Не станува збор за куршум директно насочен кон детето, туку за залутан куршум. Преземаме сè за да утврдиме конкретен сторител, но во ваква ситуација ова се доста тешки случаи за детектирање и откривање сторител“ рече Тошковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која беше со министерот за здравство Азир Алиу.
Во однос на обвинувањата од родителите на починатото дете за полициска бруталност истата вечер, Тошковски појасни дека полицијата интервенирала во Градската болница во Скопје по повик од болничкиот персонал.
Според информациите што ги добил Тошковски, и полициските службеници затекнале агресивно и недолично однесување од страна на поголема група луѓе во просториите на болницата.
Полициските службеници од СВР Скопје утврдиле дека јавниот ред и мир се навистина нарушени, по што примениле полициски овластувања.
Министерот потврди дека е запознаен со поплаките на семејството за начинот на кој постапувала полицијата. Тој најави дека надлежните органи во МВР веќе спроведуваат истрага за да се утврди дали полицајците ги пречекориле своите овластувања.
„По извршената истрага од страна на надлежните органи во МВР, ќе ги соопштиме сите детали и ќе утврдиме дали имало или немало такви чекори. Факт е дека службениците интервенирале затоа што биле повикани од персоналот на болницата“додаде Тошковски.
Двегодишното дете што беше тешко повредено од огнено оружје за време на новогодишната ноќ им подлегна на повредите на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото.
Од Министерството за здравство рекоа дека првично детето е примено на Ургентниот центар, а потоа поради констатирани сериозни повреди на главата е пренесено на Клиниката за неврохирургија, на Одделот за интензивна нега.
И покрај максималните напори на медицинскиот тим, како што велат од ресорното министерство, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот.
Поврзани вести:
Тешките повреди на мозокот не дозволија да се изврши оперативен зафат, велат од Здравство за случајот со починатото двегодишно дете
МВР: Гледајќи огномет од пред куќата, мајката на двегодишното дете слушнала звук по што забележала крв на неговата глава
Двегодишното дете починало од тешки повреди на мозокот настанати од метален фрагмент во главата
Почина двегодишното дете што беше рането од огнено оружје на новогодишната ноќ – Обвинителството нареди обдукција
Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекари: Примени се повредени и пијани пациенти, двегодишно дете е рането од огнено оружје
СПОДЕЛИ
Share
Tweet
Share
Последни новости
Post featured image
Тошковски: Истрагата за смртта на двегодишното…
5 јануари, 2026
Post featured image
МНР: Бугарија наместо да го поздрави…
5 јануари, 2026
Post featured image
Пензионираниот воен пилот Роберт Малезански ја…
5 јануари, 2026
Post featured image
Димитријевиќ: Си имаме ние наш Мадуро…
5 јануари, 2026
Post featured image
Масовни протести се одржаа во повеќе…
5 јануари, 2026
360 степени
Сторија
Дебата
Саботажа
Тим
Контакт
©2026 360 степени, Сите права се задржани
Услови за преземање
Маркетинг
Импресум
Политика за приватност
Свет
Македонија






