Тошковски на средба со грчката амбасадорка – предложил мерки за проблемот со недостигот на обрасци за пасошите

Новоименуваниот министер за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, денеска во просториите на Министерството се сретнал со амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, информираа од МВР.

На средбата со грчката амбасадорка, Тошковски, како што соопштија од МВР, го презентирал проблемот со недостатокот на обрасци за пасошите и предложил мерки за негово решавање.

Во соопштението не се наведува какви мерки предложил новоименуваниот министер во врска со ова прашање.

Back to top button
Close