Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера од системот „Безбеден град“ во општина Сарај. Според него, станува збор за свесно ширење лажни факти за привлекување внимание.

„Не, не е украдена. За жал, има многу портали и страници на социјалните мрежи кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други“, изјави Тошковски на прес-конференцијата со министерот за здравство.
Тој потенцираше дека проектот продолжува со силна поддршка од јавноста и дека неговата цел е исклучиво подигнување на безбедноста според европски стандарди






