Тошковски: од 120 000 прекршоци во тест перидоот на Безбеден град, сега се сведовме на 500

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, рече дека е горд на имплементација на новиот систем „Сејф Сити“, и дека бројот на прекршоци драстично се намалил, односно од 120 илјади на почетокот од тест периодот, сега има само 500 прекршоци.

Тошковски кажа дека е завршено времето на дивеење и на брзо возење по улиците.

„На почетокот на тест периодот, бројката на прекршоци беше 120.000, додека денеска имаме прекршоци 500 до 600, 700 некој ден и 800, но далеку драстично помал број на прекршоци. Тоа се прекршоци за недозволена брзина, минување на црвено светло или со нерегистрирано моторно возило. Тие се тие прекршоци кои ги констатира системот. Во иднина ќе го имплементираме и за погрешно запирање и за погрешно паркирање. Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од овој паметен систем. Го нема она дивеење по улиците, ги нема оние ненормални брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајките се намалуваат, бројките на повредени и загинати се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, изјави Тошковски.

Back to top button
Close