Тошковски вели дека со парите од Државна лотарија се купени многу имоти во земјава и во странство

Многу е тежок криминалот во Државната лотарија во кој се осомничени поранешниот директор Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Алсат, одбегнувајќи при тоа да одговори дали со парите од криминалот се купувале и криптовалути. Тој рече дека во истрагата се вклучени институции меѓу кои Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Царината, УЈП и МВР.

„Се прибираат многу сериозни индиции, многу докази, голем број докази, така што овој случај навистина ќе биде еден од најинтересните случаи од гледна точка на белосветскиот криминал што сме го имале во историјата на Македонија, поврзано на предметното правно лице“, изјави Тошковски.

Тој потврди постоење на сомнежи дека со парите од кривичното дело се купени имоти во и надвор од државава.

„Има информации дека со незаконски стекнати финансиски средства се купени многу имоти на многу локации, не само во Македонија.

–Во многу земји или во една земја?

„Не само во Македонија“.

–Во повеќе земји надвор од Македонија?

„Не само во Македонија“, вели Тошковски.

Тошковски сподели и детали за бегството на Груби од граница со дипломатски автомобил. Според него, граничната полиција направила кардинална грешка што не видела на компјутер дека Груби е на Стоп-листата.

Министерот Тошковски рече дека нема официјални информации од ниту една соседна земја или Интерпол за локацијата на Груби, иако се во постојан контакт со државите од регионот.

Запрашан да ја коментира хипотетичката ситуација доколку Груби евентуално има албанско државјанство, што би претставувало проблем за негово екстрадиција, Тошковски рече дека доколку тој е на негово место, нема да биде многу среќен и сигурен, особено поради тоа што Груби е сместен на црната листа на САД

Back to top button
Close