Тошковски: Во иднина, на оние кои безобѕирно се однесуваат во сообраќајот ќе им се конфискуваат возилата
Нема да има зголемување на висината на казните за сообраќајните прекршоци, но на оние кои возат безобѕирно, во алкохолизирана состојба, без возачка дозвола, со прекумерна брзина ќе им се конфискува возилото и ќе се донира на институциите, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од ГП Табановце.
– Со новиот закон за безбедност и со новиот закон за прекршоци, глобата којашто сега е утврдена на одредена висина нема да биде зголемена. Но, за оние коишто безобѕирно управуваат со моторно возило, коишто без возачка седнуваат зад воланот, пијани управуваат моторни возила со брзина прекумерна брзини од 200 км/ч и понатаму ќе имаме трајно конфискување на возилата. Тоа што го немало досега и со измените на Кривичниот законик во иднина освен што ќе се плаќа парична казна задолжително ќе биде изрекување и соодветна казна, дали станува збор условна казна или казна затвор, рече министерот Тошковски.
Оние кои безобѕирно управуваат со возила повеќе нема да се „спасуваат“ со плаќање само казна, ќе лежат и затвор и ќе им биде конфискувано возилото.
– Ќе им биде конфискувано возило со коешто се прават вакви кривични дела од кои за жал ги губиме нашите најмлади како на улиците, во градовите, така и по автопатишта, рече Тошковски.
Тој рече дека во јавноста има дезинформации за овој дел и најави строги казни само за оние кои безобѕирно кои управуваат со возило.
– Човек без дозвола не треба да му се дозволи да влезе во сообраќај, човек којшто е по дејства на дрога и алкохол не треба да му се дозволи да биде дел од сообраќај и ќе ми го одземаме возилата ќе ги донираме на институции коишто ќе ги стават во функција на сите граѓани, изјави Тошковски