Тошковски за „хибридните напади“: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
Ме прашувате за хибридните напади кои ги спомена Ангелов. Овој состанок сега, беше за тоа како да се справиме со пожарот. А во оној штаб на 20 метри од овде, разговаравме и за хибридните напади. Досега над 40 луѓе се лишени за пожарите, дел од тие луѓе се во притвор, за жал засега не можеме да утврдиме организициона поставеност меѓу тие луѓе. Но факт е дека во три дена ни горат четири депонии во Скопје, што диви, што легални. Господ не може да ме убеди дека ова е случајност. Јас ве уверувам дека секој за кого ќе има доази ќе преземеме се за што ќе добиеме наредба од ЈО по насоки на судот – одговори вечерва министерот Панче Тошковски на прашање кое дојде по изјавата на Стојанче Ангелов дека државата ни е изложена на хибридни напади со предизвикување пожари.
Претходно Тошковски истакна дека ваков тип на пожари како овој во Трубарево се случиле во Франција, Белгија, Литванија и други земји што укажува на тоа дека проблемот е глобален. Ова е прв пат да се случи ваков тип на пожар во Македонија – рече министерот Тошковски.
Тој истакна дека не е еднаш досега има кажано дека во оваа држава каде и да копнете, се е гнило и испаѓаат проблеми кои што за жал, денес не ставаат во ваква ситуација. Но, за разлика од претходно, рече министерот, ние делуваме, со ресусрите со кои располагаме.
-Во текот на денот и во овој момент, неколку булдожери се поставени на лице место. И огромен број припадници на МВР, на Армијата… Се работи интензивно. Но, пожарот ќе трае. Дронот констатираше температура од 500 степени над пожарот. Не горат само дрвја, туку горат и батерии. Н95 маски се носат од страна на МЗ и од другите институции, маски носи на лице место и Црвениот крст. Од страна МВР се доставени 150 гас маски. Од страна на МО доставени се 50 маски, на луѓето кои се во самото жарипте, во багерите, им се дадени посебни кислородни маски. Во вакви моменти мораме здружено да настапиме зашто вакви кататсрофи се животни загрозувачки. Се што можеше да се преземе – преземено е – изави Тошковски.
КН 95 маски се доставени и до жителите, а најмногу на ризик се изложени тие кои се во периметар од 150 метри од жариштето, повтори министерот.
-До 150 метри загаденоста е висока, до 200 метри загаденоста е средна, од 200 до 400 метри загаденоста е ниска, а над 400 метри МО и неговите мерни инструменти не констатирале загаденост на воздухот. Од страна на Дирекцијата за радиолошки зрачења на МО не е констатирана ни радиолошка загаденост.
На прашањето каде бил во текот на денот, Тошковски рече дека утрото прво бил во Оризари на помен на дете загинато во Кочани, потоа бил да запали цвеќе на секој загинат во кочанскиот пожар во Пулс, а од 16 часот е во Скопје и се справува со пожарот во Трубарево. На прашањето дали чувствува срам, тој одговори:
-Дали ми е срам да работам за својот народ? Не! Дрисла се палела и во 2023, во 2024 и во 2025 година. Истото е и со Вардариште. Срам ми е што морам да кажам ние после 35 г. немаме капацитети да се справиме со вакви состојби како што треба. Тоа ми е срам. А не ми е срам што работам за народот. Инаку, ова е прв ваков пожар на ваков тип на фабрика.
На прашањето за дозволата за фабриката за батерии, тој одговори:
-Во овој момент не можам официјално да соопштам за дозволата. По насока на ЈО три лица се во ПС и повеќе не можам да кажам. Оние граѓани кои се во рамки на 150 метри, кај тие граѓани одевме од куќа до куќа и им кажувавме дека треба да се евакуираат. Тие луѓе во прв момент се известени. Овие параметри се од мерни инструменти кои што ги користи специјализирана единица на МО. Дали мириса? Да и овде се чувствува, но нема загаденост подалеку од 400 метри согласно специјализираната единици со специјални инструменти на МО – појасни Тошковски