Тошковски за „Сејф сити“: Веќе сега на Клиниката за трауматологија има 20 отсто помалку пациенти со тешки телесни повреди

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски очекува поддршка од пратениците за измените на Законот за прекршоци и на Кривичниот законик, коишто се последните од пакетот законски измени за  официјалната примена на системот „Безбеден град“, што од почетокот на месецов е во пробна функција.

Тошковски вечерва во гостување на ТВ Канал 5 рече дека останува најавата за официјален старт на „Безбеден град“ од 1 февруари, како што рече, „согласно она што го имаат досега како фид бек и процедурата што треба да помине за уште два закона, односно да се изменат Законот за прекршоци и Кривичниот законик. – За измените на Законот за прекршоци, којшто е во втора фаза во Собранието потребно е двотретинско мнозинство, а за Кривичниот законик просто мнозинство. Се надевам дека сериозноста на ова ќе биде препознаена од сите пратеници и ќе дадат поддршка за да може да почне примена на овој круцијален проект, рече Тошковски.

Тој потврди дека примената на системот ќе се пролонгира доколку Собранието не даде поддршка на Законот за прекршоци.

– Верувам дека овој закон би требало да го поддржат сите пратеници. Целта е спасување на човечки животи, истакна министерот Тошковски.

Според него, во пробниот период на примената на системот од 15 дена во Скопје, граѓаните покажале дека можат да бидат поинакви учесници при уравувањето на возилата, а на Клиниката за трауматологија е намален за 20 проценти бројот на пациенти кои се задржуават поради тешка телесна повреда, а за 15 до 20- проценти е намален бројот на пациенти што се донесени на таа Клиника.

Уверува дека техничките проблеми детектирани во пробниот период ќе бидат надминати до 1 февруари.

Најави дека со подзаконски ќе се утврди дозволеното пречекорување на брзината согласно европските параметри кои се движат од три до десет над дозволеното, како и дека со граѓаните ќе бидат споделени локациите на кои ќе има камери, бидејќи, истакнува, крајната цел да се намали брзината на движење во насока на помалку жртви и повредени во сообраќајки. – Се ревидираат и знаците. Секаде каде има камера за констатирање на зголемена брзина задолжително ќе биде ревидиран знакот согласно важечки сообраќаен проект, рече Тошковски.

Информираше дека видео записите од прекршоците ќе се чуваат во временски период утврден согласно законите во рамки на истражните дејствија, како и деја МВР ќе пушти во употреба апликација на која граѓаните ќе добиваат информации за сторени прекршоци.

Back to top button
Close