Тотенхем бара замена за повредениот Медисон

Премиерлигашот Тотенхем бара замена за повредениот играч од средината на теренот Џејмс Медисон, кој ќе отсуствува поголемиот дел од сезоната. Медисон има повреден преден вкрстен лигамент. Како што пренесуваат британските медиуми, менаџерот на Тотенхем Томас Франк сака да го донесе играчот од средината на теренот на Кристал Палас Еберечи Езе.

Екипата од Лондон во новата сезона ќе игра и без досегашниот капитен Сон, кој замина во американската МЛС лига, а поради повреда менаџерот Франк нема да може да смета и на Дејан Кулушевски кој имаше операција на колено.

Езе во ланската сезона на сите натпревари за Кристал Палас постигна 14 голови.

Back to top button
Close