Тоти се враќа во Рома

Поранешната ѕвезда на калчолигашот Рома, Франческо Тоти, е на чекор до враќање во клубот од Рим.

Тоти во изјава за италијанските медиуми потврди денеска дека е многу блиску до враќање во Рома, но сè уште не е познато во која улога.

„За мене, Рома е мој дом, отсекогаш била, дури и кога не сум таму“, изјави Тоти за Скај Спорт Италија.

„Во последно време кружат гласини. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, додаде Тоти, кој целата своја кариера ја помина во Рома за која одигра рекордни 786 натпревари и постигна 307 рекордни голови.

Тоти во дресот на Рома ја освои шампионската титула (2001), два Купа (2007, 2008) и Суперкупот на Италија (2001, 2007), пред да ја заврши кариерата во 2017 година, станувајќи клупски директор, но поднесе оставка во јуни 2019 година по конфликт со сопственикот на клубот Џејмс Палота.

Back to top button
Close