Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ победи во Ресен, Гошаревски му честиташе

Јован Тозиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Општина Ресен. Победата му ја честиташе д-р Живко Гошаревски, кој не успеа да се избори за втор мандат.

-На новиот градоначалник Тозиевски му посакувам многу успех и секогаш општината да ја става пред се и над се. Ресен и Преспа мора да бидат подобро место за живеење за сите – порача Гошаревски.

Тој се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека зад нив останале проекти со кои ќе се гордеат.

Back to top button
Close