ТППЕ Гевгелија упати апел за заштита од пожари

За годинашнава летна сезона пожарникарската единица е целосно подготвена за дејствување и заштита од пожари, но и покрај тоа апелира до граѓаните да внимаваат при посета на шумите и да не користат средства за палење оган кој би можел да предизвика пожар.

Со упатениот апел посебно се предупредуваат патниците да не фрлаат догорчиња од цигари преку прозорците на автомобилите и возовите за да не предизвикаат пожари долж патните комуникации.

-Лицата кои во период на зголемени надворешни температури мора да спроведуваат работни активности во пошумени локации или да палат стрништа на ожнеани и обраснати површини, посебно се предупредуваат да ја зголемат примената на превентивните мерки за да не се опожари околината, се вели во апелот.

ТППЕ Гевгелија ги известува граѓаните, доколку забележат појава на оган на сомнителни локации, веднаш да пријавуваат на дежурниот телефонски број 193.

Back to top button
Close