Трајан Димковски за Арсовска и Перински: „Васко жабата и Цеца мецата“
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски се огласи во врска со вчерашната драма и препирање меѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и поранешниот директор на „Водовод“, Златко Перински. Тој го спореди Перински со „Васко жабата“, а пак Арсовска со „Цеца мецата“.
Објави фотографија од нив, и во описот на истата напиша „Васко жабата и Цеца мецата“.