Трајанов бара измени на Законот за попис, со кои ќе се изостави нерезидентното население

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов денеска до Собранието достави Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија, спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.

-Од Парламентот барам да отвори расправа за пописот, да ги согледаат сите релеватни факти и податоци содржани во Информацијата. Очекувам сите да партиципираат со свои видувања, информации и податоци кои ќе бидат битни да може Парламентот квалификувано да расправа и да донесе соодветни заклучоци, изјави Трајанов во Собранието.

 

Тој побара да се донесат измени и дополнување на Законот за попис, со кои од пописот ќе се изостави нерезидентното население.

Според него, ако се анализира пописот во целина, податоците што биле презентирани не се реален одраз на фактичката состојба во земјава.Трајанов предлага Парламентот да отвори расправа и врз основа на тоа да се донесат заклучоци.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close