Трајанов: Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз и пратеник во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека немале проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со Македонците во Бугарија.

-Ставот на ДС е јасен, ние сме Македонци со свој јазик. Бараме реципроцитет во врска со прашањето за малцинствата во двете земји. Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со македонското малцинство во Бугарија. Голем број пратеници нема да поддржат решение кое нема да вклучува реципроцитет. Наша цел е Македонците да бидат признати во Бугарија. Ние како држава сме демократска, секој може да формира своја партија, се негура обичаи на одредено малцинство, зошто да биде тоа проблем и во Бугарија? Никој не сака да се доведат во прашање нашите национални интереси, рече Трајанов во Дневникот на ТВ Сител.

Back to top button
Close