Трајанов: Сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов во емисијата 24 анализа смета дека треба да има попис, бидејќи е потребен за планирање за натамошен развој на државата. Тоа не е спорно, но спорни се неколку моменти околу разгранучивање кое е резидентно население, а кое не.

– Мора да се одвои кои се тие кои живеат тука. Тоа беше клучна забелешка. Јас предложив ако е можно експерти од сите политички партии да бидат повикани од директрот на Завод за статистика. Пописот треба да добие поддршка од сите партии. Тоа што е пропуштено во Законот, да се вгради во методологијата и таа ќе биде согласно сите стандарди – вели Трајанов.

Тој рече дека со Рамковниот договор се затвораме во етнички гета и тоа ќе не подели. Тој вели дека  има многу коментиари до неговата партија, дека во услови на пандемија, не треба да има попис. Трајанов предлага сите кои ќе бидат вклучени во пописот да бидат вакцинирани за да не се загрозува здравјето на граѓаните.

Back to top button
Close