Трајанов: Во Македонија се случи катастрофа, бројките се фрапантни! Пожарите донесоа штети од 3 милијарди денари

Директорот на ЈП „Национални шуми“ Здравко рече дека во Македонија летово се случила вистинска катастрофа за шумите со пожарите, и дека штетите се огромни.

„Се случи катастрофа, во однос на екологијата, на шумите, како и по фреквенција така и по површина. Тоа изразено во бројки во однос на неколку категории до моментот имаме изгорено 40 илјади хектари уредена шума“, рече Трајанов.

„Бројките се фрапантни, зафатена од 315 илјади метри кубни, и според таа методолигија која ја работиме, штетите се близу 3 милијарди денари“, вели Трајанов.

Back to top button
Close