Трајановски: Груевски не ми кажал дека има плацови на Водно. Не ми кажал дека има и станови на улица „Бихачка“,

На поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, не му е познатото местото викано „Шербетница“’, на Водно. Во својство на сведок Трајановски, денеска беше сослушан во случајот „Плацови на Водно“, при што посочи дека Никола Груевски, не побарал од него или преку друго лице урбанизација на парцели на Водно.

 

– Не ми кажал дека има плацови на Водно. Не ми кажал дека има и станови на улица „Бихачка“, рече Трајановски.

Од страна на обвинителката Лиле Стефанова, сведокот Трајановски, беше прашан дали претходно во ОЈО Скопје, бил сослушан како обвинет за донесениот ГУП. Одбраната на обвинетиот реагираше на вака поставеното прашање со образложение дека на овој начин обвинителството сака да го исплаши сведокот.

Случајот „Плацови на Водно“ го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, поранешниот премиер Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, а неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Орце Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”. Мијалков, кој е прв братудед на Груевски, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Back to top button
Close