Трајчулески до Николовски: За чии интереси ја кочите изградбата на Коридорот 8?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на денешената седница за пратенички прашања упати прашање до заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николовски за кочењето на израдбат ана Коридорот 8 од страна на Владата.

Во продолжение интегрален текст од пратеничкото прашање:

Со својата географската положба Република Македонија претставува крстосница на Балканот и е важна транзитна рута за сувоземен транспорт помеѓу Централна Европа, Јонското и Јадранското море, Егејското море, Црното море и понатаму кон Азија. Оваа поволна георгафска положба придонесе за развој на меѓународен транспорт преку две транс национални оски, а тоа се Север-Југ односно Коридорот 10 и Исток-Запад односно коридорот 8. И двата коридори се дел од индикативните Транс Европски Транспортни мрежи.

Стратешки интерес на Македонија треба да биде инфраструктурното поврзување со регионот со што ќе ја олесниме трговијата и транспортот и Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот.

Нема поважни и помалку важни коридори. И коридорот 10 и коридорот 8 се подеднакво важни за државата и во економска и во геополитичка смисла.

Очигледна е намерата на Владата да креира лажна слика кај народот за помалку важен коридор 8 и повеќе важен коридор 10.

Се креираат теории на заговор за премостување на нашата држава со паралелни коридори во соседството со единствена цел да се пролонгира изградбата на железничкиот коридор 8.

Очигледна е намерата на владата за пренасочување на средствата од кредиторите наменети за коридорот 8.

Ќе цитирам ваша изјава министре: “Ние бараме со кредиторите на третиот дел од пругата кон Бугарија, ЕИБ и ЕБОР да седнеме и да договориме пренамена на кредитот за рехабилитација на пругата од коридорот 10”.

По што следеше соочување со реалноста.

“Кога барате наменски кредит, не може за друго да го користите”, изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

“Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика”, изјава на специјалниот германски пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин.

А коридорот 8 освен што има економско и трговско значење за нашата држава, тој е од огромно значење и за безбедносната архитектура на Европската унија и за НАТО.

“Коридорот 8 е од стратешко значење, тој му овозможува на НАТО брзо да се распоредува”, изјава на Лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Уште еден доказ за ова што го говорам е и писмото за намери кое на Самитот на НАТО во Вашингтон го потпиша министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со неговите колеги од Италија, Албанија и Бугарија, а се однесува на воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност долж Пан Европскиот Коридор 8 за потребите на алијансата.

Затоа, нашата држава не смее да запре со изградбата на коридорот 8 и со модернизацијата на коридорот 10. Овие два процеси треба да продолжат паралелно затоа што тоа е национален стратешки интерес за нашата држава.

Моето прашање почитуван министер е дали свесно и намерно ја одолговлекувате изградбата на желизничкиот Коридор 8 и заради чии интереси го правите истото?

Back to top button
Close