Трајко Славески: Мијалков е најголема грешка на Груевски

 

Долгогодишниот професор на Економскиот факултет и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ го објаснува неговиот став за шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и зошто смета дека тој е најголема грешка во владеењето на Никола Груевски.

ФОКУС: Зошто ве разреши Груевски?

СЛАВЕСКИ: Веројатно имал испланирано некој за ова место. Многу беше лошо кај Груевски тоа што не се чуваше од тие тесни кумски, роднински врски, кои многу му наштетија. Во 2006 година бев запрепастен кога слушнав дека Груевски има намера неговиот прв братучед Сашо Мијалков да го стави како шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.

ФОКУС: Зошто сметавте дека Мијалков е лош избор?|
СЛАВЕСКИ: Прво, поради роднинската врска, а второ поради неговото минато во Агенцијата за воено разузнавање.

ФОКУС: Какво е неговото минато?
СЛАВЕСКИ: Еден наш сојузник од Соединетите Американски Држави, а тоа го има кажано и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во три наврати барале смена на Мијалков од неговата функција. Се покажа дека неговото поставување подоцна било најголема грешка.

ФОКУС: Меѓутоа, сите најблиски соработници на Груевски му беа или роднини, или кумови?
СЛАВЕСКИ: Тоа да.

ФОКУС: Му го кажавте вие вашиот став за Мијалков?
СЛАВЕСКИ: Еднаш му го кажав, ама видов дека нема ефект. Јас често укажував за некои недоследности кај некои функционери. Одредени медиуми, кои во тој период го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ заради лукративни причини, со оној катастрофален модел на рекламирање во медиумите и полнењето со пари ја поддржуваа владата и Груевски, а беа критички настроени кон мене.
Му кажував често дека додека сме на власт, никој не треба да влегува во матни зделки и криминал. Тој само ќе одговореше дека тој одговара за луѓето што ги поставил. И што направи, си наштети себеси, на своето семејство, на партијата, на државата.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

преземено од фокус.мк

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close