Трајно и искрено се помируваат народ со народ, а  не власт со власт!

На Денот на Востанието – 11 Октомври,  против фашистичките окупатори:

Браќа Бугари.

Се додека во Брисел испраќате изроди како Џамбаски, а во Македонија се потпирате на празноглави шутраци кои за ситен кеш си ја продаваат душата на ѓаволот, како оној во Битола кој “заспива како Македонец а се буди како Бугарин”, или, нашиов ТомЧе во Охрид, кој нема врска со животот и историјата, а ви помага да се резилите пред слободоумниот свет, се дотогаш не очекувајте пријателство од Македонците.

Вашите претци, вашиот “Цар обединител!” “ве обедини!” не само со Хитлер, туку и со Мусолини и со балистите – предавници од Македонија.

Во моја Дебрца, првата ослободена територија, селаните од Брежани, живееја под ОКУПАЦИЈА и терор на вашите фашистички претци, а во моето Црвена Вода, одспротива на Брежани и на само дваесетина километри, под ОКУПАЦИЈА и терор на италијанските фашисти и домашните фашистички слуги – балистите.

Денеска е 11 Октомври. Не бегајте од вистината, огледајте се на Меркел и Вили Брант, испратете ги вашите државни глави, да дојдат, да се поклонат пред коските запретани со бајонетите на вашите претци – “администратори”!

Затворете ги клубовите со имиња кои, не нас, вас ве потсетуваат на срамното, не наше, туку, ваше минато, набркајте ги оние кои ви ги водат, затоа што се ваш, а не наш срам.

Подадете прст, ама ИСКРЕНО пријателство и НАМЕРИ, ќе добиете возврат СО ДВЕТЕ РАЦЕ!

Вака, ќе бидете само ПОТСМЕВ, подеднаков, како што им се потсмеваме на ВАШИТЕ ОВДЕШНИ СЛУГИ, кои се дно од интелигенција, дно од образованост, двојно дно од човечка (не)реализираност…

На вас е првиот потег. Нека не ве залажува ОПОРТУНИТЕТОТ на поединци од власта кај нас. Тоа е пресметано само од властољубие, тука нема ништо од чувствата на народот.

Се помируваат само НАРОД СО НАРОД, а не власт со власт!

За трајно и искрено помирување, потребни се ТРАЈНИ, а не МЕНЛИВИ категории!

Веле Митаноски
фејсбук статус

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close