ТРАДИЦИЈА, СПОРТСКИ ДУХ И ЗАБАВА… Проширен музичкиот спектакл за финалето на фудбалскиот турнир во с. Глуво – СЦГ: Сандра, Гоце Пејковски, Премиер бенд и Куку Леле пред 3.500 луѓе

Организаторите на 19-иот по ред меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано заминатата вардарова легенда „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кое ќе се одржи оваа сабота на 13.09.2025 година со почеток од 19.00 часот на стадионот во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора, најавуваат вистински спортско-естреаден спектакл.
Покрај фудбалскиот дел на манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните, в сабота вечер се очекува присуство на над 3.500 посетители, кои освен во фудбалските мајстории на фудбалерите во големото финале, ќе уживаат во музиката, песните, забавата со дел од познатите ѕвезди од македонскат фолк и поп естрада.

Така, пред веќе најавените ѕвезди на вечерта, легендарното македонско поп дуое „Куку Леле“ и нивните безвременски хитови, како и изведба на познати регионални поп и фолк хитови на Панки, полните трибини со повеќилјадна публика ќе ги забавуваат една од македонските учеснички во најпознатоторегионално музичко талент шоу натпереварувањ „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Сандра…

Како и познатиот фолк пејач Гоце Пејковски заедно со реномираната естрадна група „Премиер бенд“.
Квалитетот на екипите финалисти, наградниот фод од 350.000 денари и страдни имиња гарантираат дека завршната саботна вечер на турниот ќе се претвори во вистински спортско-естраден спектакл за сие генерации…

И на теренот и на трибините на игралиштето за мал фудбал во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора… Спектакл на кој сите сте добродојдени!

Back to top button
Close