Традиционална изложба на студентите по ликовна уметност за крајот на летниот семестар

 – Студентите на студиската програма за ликовна уметност во просториите на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово ја претставија својата годишна работа преку заедничка изложба. Оваа изложба е традиционална на крајот на летниот семестар, а студентите ги изложуваат своите избрани дела во сликарството, скулптурата, графиката и графичкиот дизајн.

творањето на оваа изложба е ден на славење за студентите и професорите на нашиот факултет, бидејќи секој студент од прва до четврта година има можност да ги изложи своите дела што ги реализирал во рамките на академската година. Секое дело на оваа изложба сведочи за трудот, придонесот и посветеноста на професорите кон студентите, за тие да бидат што попрофесионални во областа на сликарството, графичкиот дизајн, скулптурата и графиката,  изјави деканот на Факултетот за уметности Нафи Јашари.

На отворањето на оваа изложба присуствуваше и ректорот на Универзитетот во Тетово Вулнет Амети заедно со професори и студенти на овој факултет. Студентската изложба ќе биде отворена за посетители до почетокот на новата академска 2021/2022 година.

Back to top button
Close