Трагедија на Свети Стефан – почина жена од Битолско, ја загуби свеста во морето

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето додека пливаше.

Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва, кои спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство.

Како што пренесуваат, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а и се слошило додека пливала во плиткото, во морето.

Екипата за итни случаи пристигнала на местото на настанот, но обидите за реанимација биле залудни.

Инаку, жената била долгогодишен срцев паци ент.

Back to top button
Close