Трагедија попладнево во Скопје: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа со мотор


Попладнево во Скопје се случила сообраќајна незгода кога мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

„Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во тек е увид“, потврдија од МВР за 4news.

Back to top button
Close