Трагедија во Италија, фудбалер почина среде натпревар кој се играше во чест на неговиот брат

ж

Фудбалска Италија е во тага,  29-годишниот фудбалер Џузепе Перино почина од срцев удар во Поџиомарино кој се наоѓа во близина на Неапол и тоа за време на натпревар кој се играше во чест на неговиот брат Роко.
Роко Перино кој беше велосипедист, почина на 24 години и тоа на тренинг, исто така од срцев удар.

 

 

Во фудбалскиот центар Каџианело редовно се одржуваат натпревари во чест на млади спортисти кои починале, а оваа година натпреварот беше посветен на Роко и на уште еден спортист кој трагично го загуби животот.
Џузепе за време на натпреварот ја загуби свеста и падна, итната помош веднаш реагираше но не можеше да му го спаси животот. Џузепе почина на теренот, а обдукцијата покажа дека смртта настанала од срцев удар.

Џузепе Перино во својата кариера играше за Парма и за неколку нисколигаши: Сапри, Еболитано, Белариа, Вигор Ламеција, Батипаглезе, Турис, Реал Поџиомарино, Пимонте и Солофра.
Поради трагичната смрт на младиот фудбалер, градоначалникот на Неапол, Маурицио Фаланга ја откажа церемонијата за Денот на Републиката.
– Изразуваме сочувство до семејството која поминува низ тага. За жал, Џузепе е повторно заедно со својот брат – изјави градоначалникот Фаланга.

Back to top button
Close