ТРАГЕДИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Почина бебе во семејниот дом – нема траги на насилство, ќе се прави обдукција

Тажна вест пристигна од скопската населба Шуто Оризари. Вчера наутро (10 јануари) во семеен дом било пронајдено починато бебе.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 08:00 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош, која била повикана на интервенција.

 

 

Првични наоди

Лекарите на лице место за жал можеле само да констатираат смрт.

Според првичниот преглед, на телото на бебето немало видливи траги на насилство.

Истрага

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Иако нема траги на насилство, по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврдат точните причини кои довеле до смртта на новороденчето

Back to top button
Close