Трагедијата ги смири Пале и нејзината сестра близначка

Еден од настаните за кои сега починатиот Александар одговарал само со условна казна, е и насилството врз сестрата близначка на Пале, кога ја давел пред нотар, приморувајќи ја да ја отстапи семејната куќа по смртта на нивните родители.

Сестрата на Пале, Паула, заминала да живее во Скопје и поради однесувањето и врската со насилникот, тие не биле во контакт. Но, како што пишува „Фокус“, денеска тие се заедно во судницата. Паула ѝ е поддршка на својата сестра, која по долги години насилство, го уби невенчаниот сопруг, во моменти додека ја удирал и давел.

Back to top button
Close