ТРАГЕДИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА: Газдата призна дека вратата била заклучена

И покрај овие признанија, правните експерти предупредуваат дека максималната казна што може да ја добие веројатно нема да надмине 4,5 години затвор.
„Кога ја отклучив, зад неа веќе имаше тела“
Според истражувањата на РТЛ, Морети признал дека сервисната врата на барот била заклучена од внатре во моментот на трагедијата. Неговото сведочење е морничаво:
„Кога тој пристигнал на местото на несреќата и ја отклучил вратата од надвор, зад неа веќе лежеле изгорени тела“, се наведува во извештајот.
Второто признание се однесува на фаталната звучна изолација. Морети потврдил дека тој сам ги заменил звучните подлоги, користејќи материјали купени во обичен маркет за градежни материјали, наместо професионални и огноотпорни решенија.
Битка за казната: 20 години или 4,5 години?
Овие откритија отвораат правна дебата за квалификацијата на делото.
Теза на обвинителството: Доколку се докаже дека обвинетите знаеле дека вратата е заклучена и свесно го прифатиле ризикот, делото може да се преквалификува во „убиство со евентуална умисла“. Во тој случај, казната може да биде до 20 години затвор.
Теза на одбраната: Адвокатот Кристијан Ленц смета дека правните пречки за такво обвинение се превисоки.„Дури и со новите откритија, правно релевантни ќе останат ’телесната повреда од небрежност‘ и ’убиството од небрежност‘“, тврди Ленц.
Според Ленц, максималната казна за убиство од небрежност е три години, а поради повеќето жртви таа може да се зголеми за половина.
„Тоа значи дека максималната казна веројатно ќе остане 4,5 години“, заклучува адвокатот.
Извор: 4NEWS.mk






