Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини


Американскиот претседател Доналд Трамп го напуштил самитот на НАТО во Анкара со стариот авион „Ер Форс Уан“, наместо со новиот „Боинг 747-8“, кој Катар го донираше на САД, поради безбедносни проценки поврзани со обновениот конфликт со Иран, објави АП. Според информациите, препораката да не се користи новиот авион дошла од американската Тајна служба.

Одлуката дополнително ги отвори прашањата дали во новиот авион се инсталирани сите неопходни безбедносни системи. Според весникот „Њујорк тајмс“, Трамп сакал авионот да биде ставен во употреба што е можно побрзо, но останале дилеми околу неговата целосна подготвеност.

Дел од членовите на американскиот Конгрес, како и безбедносни претставници, претходно изразија загриженост дека забрзаниот рок за адаптација можеби не овозможил вградување на сите напредни системи за ракетна одбрана и другите технологии што се користат за заштита на американскиот претседател.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Ченг, ги отфрли сомнежите, наведувајќи дека новиот „Ер Форс Уан“, дониран од Катар, е „најсовремен авион опремен со безбедносни протоколи на највисоко ниво за да се обезбеди заштита на претседателот и неговиот персонал“.

Back to top button
Close