Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја засили реториката кон Канада, нарекувајќи го северниот сосед една од „најлошите земји во светот за соработка и преговори“.
Во разговор со политичкиот коментатор Глен Бек, Трамп ја обвини Отава дека со децении ги искористува САД, воведува „неверојатни“ царини и посочи дека годишниот трговски дефицит од 60 милијарди долари е јасен знак дека треба да ѝ се покаже на Канада оти повеќе не може така да се однесува. Тој повтори дека Вашингтон не зависи од канадските ресурси, дополнувајќи дека пред неодамнешниот прекин на преговорите ѝ понудил на Отава „прилично добар договор“.
Вербалниот напад следува по значителната ескалација на билатералната трговска војна. На 22 август САД воведоа царини од 50 отсто на различни канадски производи, а за автомобилскиот сектор и челикот најавија дополнителни 50 отсто од 1 јануари. Како одговор, Канада најави контрацарини од 15 до 50 отсто на американски увоз во вредност од 20 милијарди американски долари, кои треба да стапат во сила на 8 септември






