Трамп ја отпушти директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Сузан Монарез
Во соопштението се наведува дека Монарез „не е усогласена со програмата на претседателот“ и дека е отпуштена од нејзината позиција во здравствената агенција.
Министерството за здравство на САД претходно го објави нејзиното заминување, по што адвокатите на Сузан Монарез издадоа соопштение во кое се наведува дека таа не била информирана за отпуштањето и дека нема да поднесе оставка.
Адвокатите наведоа дека Монарез била цел на отпуштањето бидејќи одбила да „одобри ненаучни, неодговорни директиви и да отпушти посветени здравствени професионалци“ и го обвинија министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот дека го претворил „јавното здравје во оружје“.
– Како што јасно покажува изјавата на нејзиниот адвокат, Сузан Монарез не е усогласена со програмата на претседателот, соопшти Белата куќа, додавајќи дека таа е отстранета од нејзината позиција како директорка.
Монарез, долгогодишен научник во федералната влада, беше номинирана од претседателот Доналд Трамп да раководи со ЦДЦ, а Сенатот ја потврди позицијата во јули.
Речиси истовремено, откако Министерството за здравство првпат го објави нејзиното заминување, најмалку тројца високи раководители на ЦДЦ поднесоа оставки од агенцијата.
Егзодусот доаѓа во време кога здравствените експерти изразуваат загриженост за пристапот на агенцијата кон имунизацијата под водство на Кенеди, скептик за вакцините.сд/