Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и изјави дека ќе го номинира сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, за нејзина замена.
Трамп ја објави својата одлука на социјалните мрежи само два дена откако Ноем беше изложена на тешки прашања за време на сослушувањето во американскиот Конгрес од страна на членови и на Републиканската и на Демократската партија.
Американскиот претседател изјави дека ќе ја назначи Ноем за „специјален пратеник за штитот на Америка“ – нова стратешка безбедносна иницијатива за која Трамп рече дека ќе се фокусира на Западната хемисфера.
Ноем е првиот член на сегашниот кабинет што ја напушта функцијата за време на вториот мандат на Трамп. Нејзиното заминување става крај на бурниот период за Министерството за внатрешна безбедност на САД, во кој спроведувањето на имиграциските закони предизвика протести и тужби.






