Трамп ја повлече номинацијата на генералот Ентони Тати

– Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на бригадниот генерал во пензија Ентони Тати, кој поранешниот американски претседател Барак Обама го нарече „терористички лидер“, за помошник министер за одбрана задолжен за политика, соопшти Белата куќа.

Соопштението на Белата куќа е објавено еден ден откако портпаролката на Пентагон рече дека Тати, кој не успеа да обезбеди сослушување на американскиот Сенат за да ја потврди номинацијата, зазеде втора, пониска позиција во Министерството за одбрана.

Back to top button
Close