Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во обид да се зголемат истражувањата за нејзината медицинска употреба, но не и целосно да се легализира, објави Си-ен-ен.

Марихуаната, која е легална во многу американски држави, претходно беше класифицирана како дрога од прва категорија, заедно со хероинот, на федерално ниво. Трамп ја смести во трета категорија, заедно со анаболните стероиди и кетаминот.
„Оваа наредба за прекласификација ќе го олесни спроведувањето на медицински истражувања поврзани со марихуаната, овозможувајќи ни да ги проучиме придобивките, потенцијалните ризици и идните третмани“, рече Трамп во Овалната соба. „Ќе има огромно позитивно влијание






