Трамп: Асад избега затоа што Русија го напушти

Сириските опозициски сили денеска ја презедоа контролата врз Дамаск, додека претседателот Башар ал Асад наводно избегал од главниот град.

Опозициските борци ги повикаа сириските граѓани да се вратат во земјата и прогласија почетокот на „нова ера“.

Хади ал-Бахра, лидер на сириската политичка опозициска коалиција во странство, изјави дека Дамаск е „ослободен од Асад“ и му честиташе на сирискиот народ.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, оцени дека сирискиот претседател Башар ал Асад „избегал од својата земја“ откако ја изгубил поддршката на Русија.

„Асад веќе го нема“, напиша денеска Трамп на платформата „Трут Соушал“. „Неговиот заштитник, Русија, предводена од Владимир Путин, веќе не беше заинтересирана да го штити“, додаде тој.

Во неговата вчерашна објава напиша дека, бидејќи Русија, која е сојузник на Башар Асад, е зафатена со војната во Украина, таа „изгледа е неспособна да го запре буквалниот марш низ Сирија, земја што ја штитеше со години“. Ако Русија биде принудена да се повлече од Сирија, тоа „може всушност да биде најдоброто што може да ѝ се случи“, затоа што „Русија никогаш немаше голема корист од Сирија“, оцени вчера Трамп.

Back to top button
Close