Трамп бара да се објави сведочењето на големата порота во случајот на Епстајн

Врз основа на смешниот обем на публицитет што му беше даден на Џефри Епштајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да ги достави сите релевантни сведочења на големата порота, под услов да бидат одобрени од Судот“, нашиша американскиот претседатеел на неговата социјална мрежа Трут соушл

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наложил на американската државна обвинителка Пам Бонди да достави релевантно сведочење поврзано со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн.

„Врз основа на смешниот обем на публицитет што му беше даден на Џефри Епштајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да ги достави сите релевантни сведочења на големата порота, под услов да бидат одобрени од Судот“,

напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут соушл.Според него, оваа измама, овековечена од демократите, треба веднаш да заврши.

Потоа на Икс се огласи и обвинителката Бонди, која напиша дека Министерството за правда е подготвено веднаш да го повика судот да ги открие транскриптите на големата порота.

Според американскитее медиуми, судијата сега треба да донесе конечна одлука дали материјалот може да се објави, чие решение нема да биде веднаш донесено.

Не е јасно каков материјал администрацијата на Трамп ќе побара да се објави и колку од материјалот поврзан со Епштајн што го поседува владата е сведочење на големата порота.

Наредбата од Трамп доаѓа откако Министерството за правда и ФБИ објавија меморандум во кој се наведува дека Епштајн немал инкриминирачки „список на клиенти“, не се обидел да уценува истакнати личности и починал од самоубиство.

Меморандумот предизвика реакции од целата политичка елита, вклучително и од некои поддржувачи на Трамп.

За време на неговата претседателска изборна кампања минатата година, Трамп вети дека ќе објави досиеја поврзани со Епстајн, кој почина во 2019 година во затворска ќелија во Њујорк. Неговата смрт официјално беше прогласена како самоубиство.

Во десничарските кругови на американското општество смртта на Епстајн доведе до шпекулации дека тој имал одлични контакти со луѓе од високите кругови.

Сепак, минатата недела ФБИ потврди дека смртта на Епстајн е самоубиство и дека нема докази што имплицираат познати личности или укажуваат на список на моќни клиенти.

Американскиот мултимилијардер Илон Маск пред неколку недели објави дека името на Трамп се појавило во досиејата.

Епстај беше осуден во 2008 година поради педофилија, а во 2019 година е приведен во затвор поради обвинение за сексуална експлоатација на жени и девојчиња на клиенти што наводно биле познати и богати мажи.

Трамп се појавува на најмалку едно видео со Епстај на забави што се случиле пред многу години.

Тој ги негираше тврдењата дека неговото име е во тие досиеја. Исто така, посочи дека немал директен контакт со Епстајн најмалку 18 години пред неговата смрт.

 

 

 

 

Back to top button
Close