Трамп демантира: Не признавам ништо

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „не признава ништо”, откако медиумите објавија дека најверојатно, првпат јавно признал дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори во САД на 3 ноември.
– Победил само во очите на медиумите кои пласираат лажни вести. Не признавам ништо. Пред нас е долг пат. Ова беа наместени избори, напиша Трамп на Твитер.
Во друг твит повтори дека изборите биле фалсификувани и порача: „Ние ќе победиме”.
Претходно на Твитер тој напиша дека Бајден, кого не го именуваше, победил, бидејќи, како што тврди Трамп, изборите биле наместени, што повеќето медиуми го протолкуваа како признавање на победата на демократскиот кандидат.
– Победи, бидејќи изборите беа наместени, напиша Трамп.






