Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за прекин на војната во Појасот Газа врз основа на неговиот план.

Трамп нагласи дека постои можност да го посети Блискиот Исток во недела бидејќи, според него, преговарачите работат многу добро. „Имаме одличен преговарачки тим таму, но за жал и другата страна има одлични преговарачи. Но, мислам дека тоа (прекинот на огнот) е нешто што ќе се случи, има голема шанса да се случи“, рече Трамп.

Тој повтори дека арапскиот и муслиманскиот свет го поддржуваат неговиот план.

„Нашите последни преговори се со Хамас. И се чини дека одат добро. Ако е така, веројатно заминувам во недела, можеби во сабота“, рече Трамп.

Back to top button
Close