Трамп ќе депортира 341 Македонец

Администрацијата на Доналд Трамп има за цел да депортира 341 македонски државјанин, според списокот објавен од „НЕКСТА“, кој вклучува 1.445.549 имигранти од САД кои се очекува да бидат враќани во нивните земји.

Оваа одлука е дел од новата построга емиграциска политика на Трамп, која продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој, и покрај бројните критики од страна на активистите за човекови права.

Покрај ова, американскиот Конгрес донесе построг закон за миграција, според кој мигрантите без важечки статус за престој сега ќе бидат задржани во имиграциони центри, дури и за помали прекршоци, како што се кражба во продавници.

Според новата политика, апсењата се фокусирани на имигрантите со криминално досие.

Во првата недела од вториот мандат на Трамп, беа уапсени речиси 2.400 мигранти, а американската агенција за заштита на границите ИЦЕ (Имиграција и царина на САД) објави нови статистики кои се фокусираат на странците со криминални активности.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close