Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа во Белата куќа дека ќе го реши конфликтот со Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

– Имав добри односи со Ким Џонг- ун и навистина добро се согласувам со него, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Ќе видиме што ќе се случи, додаде тој.

-Некој вели дека постои можност за конфликт, мислам дека ќе го решиме. Ако има, нема да бидеме вклучени во него, истакна американскиот претседател

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close