Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, но во исто време нагласи дека Мамдани ќе мора да покаже „целосно почитување“ кон Вашингтон ако сака да постигне успех.

EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Трамп ги даде овие изјави откако Мамдани ги претстави членовите на својот тим, кратко по историските избори на кои стана првиот муслимански и јужноазиски градоначалник на најголемиот град во САД.

Реагирајќи на изјавите на Мамдани во изборната ноќ, во кои вети дека ќе му се спротивстави на Трамп, американскиот претседател ги оцени тие коментари како „опасни“.

„Тој мора да покаже одредено почитување кон Вашингтон, бидејќи ако не го стори тоа, нема шанси да успее. И сакам тој да успее. Сакам градот да успее“, додаде Трамп.

Трамп посочи дека неговата администрација ќе му помогне на новиот градоначалник иако го нарече „комунист“.

„Комунистите, марксистите и глобалистите имаа своја шанса и донесоа само катастрофа. Сега да видиме како еден комунист ќе го води Њујорк. Ќе видиме како ќе се покаже“, рече Трамп

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close