Трамп ги одложува трговските разговори со Кина

– Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги одложува трговските разговори со Кина затоа што, како што рече, не сака сега да се разговара со претставниците на оваа земја.

За време на посетата на Аризона, запрашан дали САД ќе ги повлече од трговскиот договор со Кина, Трамп рече дека ќе размисли за тоа, пренесоа британските медиуми.

Претставниците на САД и Кина планираа во сабота да ги одржат првите разговори за спроведување на таканаречената прва фаза од трговскиот договор, но тие беа откажани.сд/

Back to top button
Close