Трамп ги осуди постапките кон поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, нарекувајќи ги „вешта политичка хајка“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги осуди постапките на бразилските власти против поранешниот претседател Жаир Болсонаро, нарекувајќи ги „вешта политичка хајка“.
Трамп, во својата објава на социјалната мрежа Truth Social, истакна дека светот може да види како бразилските власти „ден по ден, ноќ по ноќ, месец по месец, година по година“ континуирано го напаѓаат Болсонаро, за кого тврди дека не е виновен за ништо освен што се борел за својот народ.
„Се сретнав со Жаир Болсонаро и можам да потврдам дека тој беше силен лидер кој навистина ја сакаше својата земја. Тој беше и многу решителен преговарач кога стануваше збор за трговија. Неговата изборна победа беше многу тесна, а сега повторно е на врвот на анкетите. Ова не е ништо повеќе од напад врз политички противник – нешто што го знам многу добро! Ми се случи десет пати, а сега нашата земја е најсилна во светот!“, рече Трамп.
Актуелниот американски претседател нагласи дека ќе ја следи „вештата хајка“ насочена кон Болсонаро, неговото семејство и илјадници негови поддржувачи.
„Единствениот суд што треба да постои е судот на народот на Бразил, односно изборите. Оставете го Болсонаро на мира!“, рече Трамп.
Истовремено, Болсонаро реагираше на обвинувањата на Трамп со пораката дека е исклучително среќен и задоволен од објавата на Трамп на социјалните мрежи.
Истрагата против поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за наводен обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година влезе во својата последна фаза пред Врховниот федерален суд, при што судијата Александар де Мораес им наложи на обвинителството и одбраната да ги презентираат своите завршни зборови пред судењето, кое се очекува да започне помеѓу август и септември.
Болсонаро е обвинет за организирање шема за задржување на власта, вклучувајќи планови за поништување на гласањето, распуштање на судовите, зајакнување на војската, па дури и заговор за атентат врз новоизбраниот претседател Инасио Лула да Силва.
Заедно со него, беа обвинети уште 33 лица, вклучувајќи го поранешниот шеф на разузнавачката служба, министерот за одбрана и советникот за национална безбедност.
Доколку биде прогласен за виновен, Болсонаро се соочува со затворска казна од 12 до 40 години.
Болсонаро ги негира обвинувањата, тврдејќи дека само правно го оспорувал изборниот систем и барал уставни решенија поради, како што вели, сомнителните изборни резултати