Трамп го гледа патот до мир во Украина во фудбалот
Претседателот на СAД, Доналд Трамп, изјави дека можноста Русија да учествува на Светското првенство во 2026 година може да биде „поттик“ за прекин на војната во Украина, јави Би-Би-Си.

Руската фудбалска репрезентација е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања од страна на ФИФА и УЕФА од 2022 година, по почетокот на инвазијата врз Украина.
Трамп, кој за време на изборната кампања вети дека ќе ја заврши војната доколку биде избран за втор мандат во ноември 2024 година, рече дека повторното вклучување на Русија во Светското првенство би можело да придонесе за воспоставување мир.
Според сегашните правила, Русија не може да учествува на Светското првенство во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Квалификациите започнаа во септември 2023 година, а освен трите домашни екипи, остануваат 45 места.
Зборувајќи на првиот состанок на работната група на неговата администрација за Светското првенство во 2026 година, Трамп рече дека враќањето на Русија на Мундијалот би можело да доведе до крај на војната во Украина.
За време на разговорот со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп призна дека не знаел дека Русија е суспендирана од турнирот.„Тоа би можело да биде добар поттик, нели? Сакаме да ги натераме да престанат. Сакаме да престанат. Пет илјади млади луѓе неделно ги губат животите – тоа е едноставно неверојатно“, рече Трамп.
Инфантино рече дека „засега, Русија е суспендирана, но се надеваме дека нешто ќе се промени и дека ќе има мир, за да можат повторно да бидат прифатени