Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“
Американскиот претседател Доналд
Трамп го напушти самитот на Г7 оваа недела порано од планираното, бидејќи беше лут на францускиот претседател Емануел Макрон и бидејќи не беше заинтересиран да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди „Фајненшл тајмс“.
„Фајненшл тајмс“ истакнува дека НАТО го скрати претстојниот самит на лидерите во Хаг на само една работна сесија за да избегне повторување на предвременото заминување на Трамп, што се случи за време на самитот на Г7 оваа недела во Канада.
Трамп рече додека го напушташе самитот: „Морам да се вратам порано од очигледни причини“.
„Луѓето запознаени со дискусиите рекоа дека неговата одлука да замине е последица на тоа што го изиритира Емануел Макрон, кој го посети Гренланд и се спротивстави на плановите на Трамп да ја преземе контролата врз островот, како и на недостатокот на интерес на американскиот претседател да се сретне со украинскиот лидер“, објавува „Фајненшл тајмс“.